Кумановец заработи кривична пријава за точење алкохол на малолетници

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(26) од Куманово, за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на малолетници“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 12.01.2018 година, во 00,00 часот, во кафе бар пријавениот иако ја знаел законската забрана во врска со точење алкохолни пијалоци на малолетни лица не се придржувал кон неа и како одговорно лице на угостителски објект овозможил точење и послужување на алкохолен пијалок на шест малолетни лица.

Leave a Reply