Компанијата „Самсунг“ денеска претстави два нови модели паметни телефони од серијата Galaxy, Ѕ9 и Ѕ9+.
Новите телефони, како што наведува компанијата, дизајнирани се со најдобра камера досега и направени се да одговараат на зголемената потреба за комуницирање и истражување преку фотографии и видео записи.
Уредите се редизајнирани со нов двоен објектив, кој дополнително ја подобрува камерата во услови на лошо осветлување.