Отчет за сработеното во првите 100 дена од работењето денес пред јавноста даде градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.
На получасовната прес конференција, Димитриевски одговараше на новинарските прашања, но и презентираше што било сработенот во изминатите повеќе од три месеци.
Откако ја преземал должноста прв човек на Куманово, Димитриевски брифираше дека биле асфалтирани и реконструирани 17 улици, започната е втората фаза од регулацијата на речното корито, а во тек е и изградба на влезната портва во Бислимската клисура.
Во завршна фаза според Димитриевски се работи околу затворениот и отворениот Градски базен, а со УНИЦЕФ ќе се работи на изградба на Центар за ран детски развој „Балтазар“.
– Со средствата од Европската унија ќе се реконструира Зелениот пазар во Куманово и средствата се обезбедени преку проект за Меѓугранична соработка помеѓу општините Куманово и збратимената општина Гњилане. Вкупна сума на проектот е 324.766 евра од кои по 50 проценти ќе користат и двете општини. Општина Куманово доби грант од 120.000 евра за поддршка на проекти од јавен интерес и подобрување на општинските услуги и квалитетот на животот на жителите во кој што проект ќе бидат вклучени директно невладините организации на територијат ана нашата Општина. Нулта толеранција на возачите и сите несовесни учесници во сообраќајот кои што ги узурпираат јавните прометни површини и ги злоупотребуваат одбележаните паркинг места кои што се сво сопственост на Општина Куманово, а ги стопанисува јавното претпријатие за паркинг услуги, рече Димитриевски.
Во периодот кој следува ќе продолжи веќе започнатото поставување н хоризонталната сигнализација, поставени се повеќе мобилни јавни тоалети на фрекфентни места во градот, спроведена е акција за почист воздух, засадени над 1.000 дрвја, а започнати се проектит „Засади живот за живот“ и Аеросолизациј и прскање и миење на фрекфентните улици во централното подрачје.

Димитриевски на прес конференцијата посочи дека со пет милиони денари општина Куманово во периодот кој следува ќе започне со поставување монтажни катни гаражи на три локации во градот.
– Куманово е град конструиран некаде за околу осум до 10.000 возила, имаме таква инфраструктура, а во моментот имаме 27.000 возила регистрирани на територијата на нашата општина и ако ги сметаме сите возила кои транзитираат во Куманово од соседните општини, таа бројка надминува некаде на дневна основа над 30.000 возила што значи Куманово мора да создаде нова сообраќајна инфраструктура. Во моментот согласно овие финансиски можности тоа е невозможно да се прошират булеварите ќе значи дополнителна експропријација на нови површини кои не се во сопственост на општината и затоа ќе мора да примениме мерка да градиме катни гаражи и тоа на три локации за почеток, една е зад поранешната КИП Банка или популарно место „Берза“, втората локација е зад ТЦ „Сума“ и третата локација е зад станбено деловниот комплекс Серава, каде постои уреден паркинг кој е во сопственост на општината и може да се направи изградба на урбана опрема која може да се користи за обезбедување на дополителни паркинг места, посочи Димитриевски.
Една од капиталните инвестиции според Димитриевски ќе биде изградба на мултиетничка детска градинка која треба да биде лоцирана на улицата „Бајрам Шабани“, каде се очекува да бидат згрижени над 200 деца. Според градоначалникот од осамостојувањето на државата нема нова детска градинка изградена на подрачјето на Куманово.
– Од наша страна е поведена постапка во делот на обезбедување на потребна урабнистичка документација за доуцртување на овој објект на локација на улица „Бајрам Шабани“. Исто така е распишана постапка и е избран изведувач за изготвување на проектна документација со која што подоцна ќе аплицираме пред надлежното Министерство за труд и социјална политика и Министерството за финансии за обезбедување на средства на самиот идеен проект, кој треба да ја даде пресметката колку би чинел, рече Димитриевски.


