ЗОИ 2018: Гоџа со злато во спуст, Вон се пензионира со бронза
On:
Сподели со своите пријатели
Легендата на алпското скијање, Линдзи Вон, освои медал во својот последен олимписки натпревар.
Триест и тригодишната Вон ја освои бронзата во спуст, а златото од Пјонгчанг отиде кај Италијанката Софија Гоџа. Со сребрениот медал се закити норвешката репрезентативка Рагнхилд Мовинкел.
Дваесет и петгодишната Гоџа го освои првиот олимписки медал со време 1:39.22 минути, оставајќи ја на едвај девет стотинки зад себе Мовинкел, додека Вон остана на 47 стотинки зад победничката.
Првите шест беа надополнети со Тина Вајратер од Лихтенштајн, Алис Меккинис од САД и Кориан Зутер од Швајцарија.
Вон, која најави дека 99,9 отсто повеќе нема да настапува на Олимпијада, стана најстарата освојувачка на медал во историјата на алпското скијање на едни ЗОИ. За Американката, тоа беше третото олимписко одличје, по титулата во спуст и бронзата во супервелеслалом во Ванкувер.