За 5,9 проценти е намален вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз во четвртиот квартал лани во однос на истиот квартал од 2016 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 27,2 процента, во приградскиот превоз за 25,9 проценти, во меѓуградскиот превоз е намален за 6,1 проценти, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 29,2 процента.
2018-02-20

