Во Авганистан убиени девет полицајци

Сподели со своите пријатели

Авганистанските бунтовници убија девет полицајци во напади извршени изминатата ноќ.

– Во два напади врз контролни пунктови во провинцијата Фарах, западен Авганистан, убиени се осум полицајци, соопшти портпаролот на гувернерот на Фарах, Мухамед Насер Мери.

Тој додаде дека во престрелките се убиени и 13 бунтовници.

Во исто време, двајца напаѓачи во провинцијата Каписа, источен Авганистан, убиле уште еден полицаец.

Портпаролот на провинцијата, Каис Кадери изјави дека напаѓачите се уапсени, како и петмина осомничени.

Засега никој нема преземено одговорност за нападите./МИА

Leave a Reply