Гувернерот на Флорида побара оставка од директорот на ФБИ

Сподели со своите пријатели

Гувернерот на Флорида го повика директорот на ФБИ да си поднесе оставка, по признавање од страна на агенцијата дека примила информација за напаѓачот пред пукањето во училиштето, каде беа убиени 17 лица, но не делувале.

– Седумнаесет недолжни луѓе се мртви и признавањето на грешката нема ништо да промени. Директорот на ФБИ треба да поднесе оставка, рекол гувернерот Рик Скот во соопштението.

Скот, републиканец, вели дека извинувањето на ФБИ нема да ги врати во живот 17те жртви, ниту да им пружи утеха за ожалостените семејства.

– Семејствата остатокот од животот ќе го минат прашувајќи се како тоа можело да се случи, а извинувањето нема да им ги даде одговорите кои очајно ги бараат, рекол тој.

ФБИ призна дека не презеле никакви мерки, откако во јануари биле предупредени дека Николас Круз, кој во среда уби 17 лица во средно училиште во Флорида, можел да биде опасен. ФБИ додаде дека примиле повик од личност блиска на Круз, која ги предупредила на девијатнотно однесување на тој деветнаесетгодишник и на неговиот план да убива луѓе, па и во школска установа.

На таа информација „требало да се пристапи како кон потенцијална закана“ и „требало да се проследи до канцеларијатана ФБИ во Мајами задолжена за спроведување истраги“, додава ФБИ во своето соопштение.

Но, информацијата не биле проследена, ниту пак имало истрага, признава федералната полиција. Накратко, „не се почитувала процедурата која е на сила“, се заклучува во соопштението.

Leave a Reply