Црвениот крст со хуманитарна акција за семејства во Куманово, Старо Нагоричане и Липково

Сподели со своите пријатели

Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Куманово во изманитиве две недели организира хуманитарни активности за помош на неколку семејства од град Куманово и општините Старо Нагоричане и Липково.

 

 

Семејтвото Биљали од м.з. Тоде Мендол  и самохрана мајка Венера Анѓелковиќ од населба Ѓорче Петров – Скопје, со привремен престој во село Табановце – Куманово, нивните домови и целиот имот се опожарени во два одделни случаи.

 

 

На семејствата Рамизи од село Лојане, самохраниот родител на 5 деца Видан од село Степанце, 9 членото смејството Петковски од село Драгоманце како и  6 членото семејство Маринковиќ од Куманово кои жиевеат во тешки и субстандардни услови, Црвен крст Куманово во рамките на своите можности им обезбеди хуманитарна помош која се состоеше од храна, облека ,обувки, хигиенски производи, кревет и кебиња.

Leave a Reply