ЕУ: Фејсбук и Твитер се уште ги немаат ажурирано правилата за приватноста

Сподели со своите пријатели

Европската комисија изјрази незадоволство затоа што одредени социјални мрежи се уште не ги ажурирале мерките ки се однесуваат на подобра заштита на приватноста на корисниците.

Фејсбук, Твитер и Гугл плус, денеска соопштија дека спровеле измени по тоа прашање во рамките со барањата на европските власти, но Комисијата смета дека тоа само делумно ги исполнува стандардите на европското законодавство.

Комисијата ги поздрави промените, кои ќе овмозможат на корисниците да го искористат правото за повлекување на онлајн купување. Корисниците во ЕУ одсега ќе може да поднесат жаба во Европа, а не во Калифорнија од каде доаѓаат некои фирми кои се занимаваат со онлајн продажба.

Фејсбу, а особено Твитер не одговориле во целост на барањата на ЕУ затоа што корисниците треба да бидат претходно известени ако некоја содржина им се повлече од профилот или ако дојде до прекин на договорот за некое купување на интернет, додала Европската комисија.

Leave a Reply