Над 357 милиони деца живеат во зони на конфликт: Сирија, Авганистан и Сомалија најопасни

Сподели со своите пријатели

Децата сега се во поголем ризик од вооружени конфликти отколку во изминатите 20 години, затоа што 357 милиони од нив живеат во зони на конфликт, соопштила организацијата „Да ги спасиме децата“.

Според најновиот извештај на оваа организација, еден од шест деца живее во подрачје на глобален конфликт.

 

Loading...

 

Последната анализа покажала дека над 357 милиони деца живеат во зони на конфликт, што е пораст од 75 осто од 1995. година кога се забележани само 200 милиони, пренесува ВВС.

Сиритај, Авганистан и Смалите се водат како најопасните места на планетата за децата.

 

 

Севкупно, за децата на Блискиот исток е најверојатно да живеат во зони на конфликт, каде две од пет живеат во подрачје од 50 километри од местото каде се одвиваат конфликти или смртоносни напади.

Африка е рангирана како второ место по опасноста, со едно од пет деца кои живеат во опасна зона.

Помалку од половина од децата кои се под ризик, односно околу 165 милиони, класифицирани се како група над еца кои живеат во подрачја на конфликт со висок интензитет, се наведува во соопштението.

 

Loading...

 

Тие деца се во ризик од, како ООН го нарекуваат „тешки кршења“ на сите шест точки – убивања и сакатење, регрутација и искористување на децата, сексуално насилство, киднапирање, напад врз улилишта и болници, оневозможување хуманитарна помош, наведува организацијата.

Leave a Reply