Јапонската компанија „Сумитомо форестри“ планира во Токио до 2041. година да изгради дрвен облакодер од 70 ката, кој ќе биде висок 350метри, а на тој начин најдобро да се прослави 350. годишнина од постоењето на градот.
Како изгледа новото седиште на „Apple“ вредно 5 милијарди долари? (ФОТО)
Доколку плановите се спроведат во дело, тоа ќе биде втората највисока зграда во главниот град на Јапонија.
Не мора да одите во џунгла, овој хотел го има и тоа (видео)
Надворешниот дел од градбата ќе биде 90 отсто од дрво, со кое ќе биде прекриена челичната конструкција, а и во внатрешноста на зградата исто така ќе биде се од дрво.

Како наведуваат од компанијата, такви згради претставуваат пријатно опкружување за растенијата, но и за останатите живи организми, а на луѓето им обезбедуваат пријатен простор за живот во центарот на градот.
Оваа библиотека е сместена во една зграда, но во две различни држави (фото)
Предвидено е во дрвената зграда, освен станбени единици, да има и продавници, канцеларии и хотел.

За самата изградба ќе бидат потребни над 6,5 милиони кубни метри дрво, а вкупните трошоци за изградбата ќе изнесуваат 4,02 милијарди фунти.
„Сумито форестри“ наведува дека сите четири страни ќе имаат балкони прекриени со зеленило.


