Денес повремен слаб снег, стабилен викенд, па врнежи од понеделник
On:
Сподели со своите пријатели
Преку ноќта беше променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Изутринава во западните планински делови има врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер. Во југозападните делови ќе има повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено претпладне. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од снег. Ќе дува умерен северен, односно северозападен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува 3 степени целзиусови.
Утре и за време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, особено во сабота. Во недела кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста, а нови врнежи се очекуваат од почетокот на наредната недела.