Во тешка сообраќајна несреќа во Словенија загина возач од Хрватска.
Во несреќата на приморскиот автопат учествувале четири теретни возила. Три возила изгореле во големиот пожар кој избувнал по судирот.
Во пожарот изгорела и цистерна со нафта во која загинал 38-годишен Хрват.
Според информациите, причина за несреќата била неприлагодена брзина со оглед на условите на патот. Возачот на цистерната се залетал во колоната на камионот. Истражниот судија наредил технички преглед на возилото како и обдукција на мртвиот возач.
Патот бил затворен повеќе од 11 часа. Триесетина пожарникари успеале да го изгаснат огнод. Дел од нафтата истекла на патот, но нема поголема опасност врз околината.
Loading...