Според некои експерти тренинзите се најефективни, кога се прават утро. Многу од ѕвездите сепак претпочитаат да тренираат среде ноќ и се колнат дека вежбите во овој временски период прават чуда со нивното тело.
Кога вежбањето и љубовта ќе ги споите во едно (видео)
Loading...
До моментов нема истражување кое докажува кога треба да вежбате, но пак потењето рано наутро има еден куп предности. Еве и кои се тие:
Ве подготвува за тешкиот ден
Спортот помага за доброто расположение и ве исполнува со позитивни емоции за претстојниот ден, полн со задачи.
Ве мотивира да се храните здраво
По тренингот веќе имате друго видување кон храната. Знаејќи дека сте се потрудие цврсто за формата, постои поголема веројатност да се свртите кон “добрата” храна во остатокот од денот.
Попродуктивни сте
Физичката активност го подобрува не само расположението, туку и целиот ваш тонус. Приливот на свежа крв (која се движи добро при утринскиот тренингот) ја подобрува концентрацијата, го изострува умот и ве прави покреативни.
Наутро се тренира полесно
Едно е да започнете да се пот кога сте се наспали, а друго на крајот на работниот ден, кога веќе силите ви се гмечи и сакате само да се пльоснете пред телевизорот.
Ви останува повеќе време
Ако вежбате наутро, вечерта ви е слободна за вечерните настапи, забави и секакви активности со пријатели и тоа без да доживувате каење дека сте ги ибегнале од физичките обврски и треба да дополнувате следниот ден.
Метаболизмот ви е забрзанн
По утринскиот тренинг метаболизмот ви работи со полна сила до крајот на денот.
Loading...
Чувствувате смиреност
Дали сте ја виделе полна салата во 7 наутро? И ние така мислевме. Во раните утрински часови на денот шансата да спортувате мирно во празната сала е огромна.
Спиете мирно
Ако вежбате навечер, може да имате проблеми со спиењето. Спортската активност го крева адреналинот и тонусот, и телото и умот долго потоа не сакаат да одмараат.