Времето денеска ќе биде сончево и топло за овој период од годината. По котлините поради појавата на температурна инверзија во претпладневните часови ќе има заматеност на атмосферата или слаба магла. Околу пладне и попладне ќе дува умерен северозападен ветер, особено изразен вдолж Поварадрието. Температурата ќе дстигне од 9 до 18 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Куманово и околината во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со максимална дневна температура од 13 степени целзиусови.
Утре и во четврток ќе се задржи стабилно време, по котлините со појава на слаба магла или заматеност на атмосферата. Под влијание на влажен бран подрачјето на Македнија ќе потпадне во петок кога ќе дува засилен јужен ветер и ќе биде претежно облачно, во западните делови со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.
Во сабота врнежите ќе се прошират насекаде низ земјата и ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер, што до крајот на денот ќе услови заладување и постепено спуштање на снежната граница.