Ингвар Кампрад, основачот на компанијата ИКЕА, почина во 92. година во својот дом во Смаланд, соопшти компанијата, која го нарече еден од најголемите претприемачи на 20. век.
Милијардерот, роден во 1936 година во Смаланд, ја основал ИКЕА кога имал 17 години, искористувајќи ги парите кои од својот татко ги добил затоа што остварил добар успех на училиште и покрај дислексијата. Кампрад „починал мирно во својот дом“, се наведува во соопштението од компанијата.