Ова е државата со најевтино пиво во светот

Сподели со своите пријатели

Кога се работи за пивото, секој има своја мерка. Некои уживаат во половина литар, други помалку, трети го конзумираат и во неколку литри. „Lonely Planet“ овој пат пишува каде во светот можете да дојдете до најевтина пинта пиво.

Начинот на кој го сипувате пивото може да биде причината за надуен стомак

Loading...

Тоа не мора премногу да ве збунува, затоа што пинта (британски) изнесува нешто повеќе од половина литар пиво (568 милилитри), така да овие резултати ќе ви кажат колку каде чини од прилика половина литар пиво.

РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Пиеш пиво 3 часа неделно, а за тоа добиваш и плата

Ако случајно се најдете во некој угостителски објект во престолнината на Венецуела, Каракас, не мора да се грижите дали ќе нарачате за целото друштво. Имено, малку повеќе од половина литар пиво тука чини во просек 0,58 евра, па ако сте со 6-7 пријатели, за тура ќе платите четири евра.

Како се отвара лименка пиво к’д си много жедан? (видео)

На спротивната страна, како град во кој се точи најскапото пиво, се најде Дубаи. Тука просечната цена на пинта изнесува 9,85 евра, па таму е тешко да платите за себе, а не и да почестите некого.

Ако пиете пиво од лименка или шише правите голема грешка

Истражувањето било спроведено во 177 светски градови, а се потврдило дека ако пиете премногу пиво можете да „банкротирате“ во Доха (9,85 евра), Рајкревик (8,50 евра) и Осло (8,1 евра).

„Full Circle“ – пиво направено со вода од канализација

Од друга страна, по Каракас, евтино пиво можете да пиете во Ташкент (0,67 евра) и Лагос (0,72 евра) кои се втор, односно трет најевтин град во светот за пиење пиво.