На повеќе локации низ Куманово и околината во понеделник ќе има прекини во електричното напојување, информираат од Регионалниот ценар за управување со кризи.
Во период д 08:00 до 15:00 часот прекини се најавени за дел од улиците „Видое Смилевски Бато“, „Љубица Михајловиќ“, „Иван Горан Ковачиќ“, „Мирче Ацев“, „Страшо Пинџур“ и „Рајко Жинзифов“.
Во период од 09:00 до 15:00 часот прекини во снабдевањето со електрична енергија ќе има на дел од улицата „Бошко Буха“, додека во период од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе биде селото Градиште.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија, поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа.