Пожар избил на четвртиот кат на Воено-медицинската академија во Белград. Поради густиот чад, пациентите се евакуирани, а повредени нема.
До пожарот дошло околу 19:30 часот во делот Поликлиники ВМА; односно функционално дијагнотстичката реуматологија и хематологија во кои нема лежечки апциенти, соопштува српското Министерство за одбрана.
– Благодарение на реакцијата на вработените на ВМА во пожарот нема повредени лица, а со брзата реакција седум пожарниакрски екипи на МВР пожарот е саниран во 20:30 часот, се наведува во соопштението.
Loading...
Поради густиот чад била извршена евакуација на пациентите и персоналот од повисоките катови па надолу, јавува РТС.
Според новинарите на РТС, на лице место оганот пламнал во Кабинетот за ревматологија во кој немало никој.
Причините за пожарот се испитуваат, а се додава дека апциентите се адекватно згрижени и префрлени во сигурниот дел од зградата.
Министерството за одбрана соопштило дека за настанот е известен и надлежен јавен обвинител.
Увид на лице месо вршат специјализирани екипи на Министерството за внатрешни работи на Србија.
белградските медиуми претходно пренесоа дека огнот избил на Одделението за хематологија, а дека во гаснењето на пожарот учествувале 30 пожарникари со девет против пожарни возила.