Утринските температури ниски, дневните во постепен пораст

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево, по одделни котлини со заматеност на атмосферата. Температурата ќе достигне од 3 до 10 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со максимална дневна температура од 4 степени целзиусови. Во текот на ноќта истата ќе се спушти шест степени под нулата.

Во наредните денови ќе се задржи период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Утре и во сабота во претпладневните часови ќе има температурна инверзија што по одделни котлини ќе ги зголеми условите за појава на магла или заматеност на атмосферата.