Лекар педофил доби 175 години затвор поради сексуално злоставување на спортистки (видео)

Сподели со своите пријатели

Некогашниот лекар на гимнастичката репрезентација на Соединетите Американски Држави, Лери Насар (54) ќе го мине во затвор остатокот од својот живот. Тој е прогласен за виновен поради сексуално вознемирување на 98 олимпијки и одредена му е казна затвор од 175 години.

– Штотуку го потпишав налогот за вашата смрт, рекла судијката Росмари Авилина во моментот кога ја изрекуваше пресудата на лекарот – педофил.

Поголемиот дел од своите недела Насар ги извршил додека спортистките биле уште деца, а тој во јули 2017. година признал дека е виновен за оптужбата за собирањ еи поседување детска порнографија, како и обид за уништување докази.

Насар потоа се изјаснил за виновем за злоставување млади жени кои оделе кај него на медицинска нега. признал дека тоа што им го правел на девојките не била легитимна медицинска постапка.

Насер на местото лекар на репрезентацијата бил цели 20 години, а се соочил со 140 жени кои го обвиниле за сексуално злоставување.

Агентите на ФБИ пронашле над 37.000 илегални порнографски фотографии и видео записи на кои јасно се гледа како Насар сексуално напаѓа деца во базен.

– На фотографиите има деца кои се силувани, полно злоставувани, рекол тогаш американскиот адвокат Сеан Левис.