CNN предупредува: Оваа година избегнувајте ги овие светски дестинации

Сподели со своите пријатели

CNN објави листа со дестинации кои треба да ги избегнувате во 2018. година, врз основа на она што во последните 12 месеци одредени популарни одредишта настојувале да го намалат бројот на туристи, за кои навеле дека ги преплавиле улиците или нарушиле нивните екосистеми. Тоа претставува дилема за патниците кои го планираат својот одмор.

Чинкве Тере, Италија

Пет села на италијанската ревиера во 2016. година биле посетени од 2,5 милиони туристи. Властите расправале за тоа дека годишниот број на туристи треба да се лимитира на 1,5 милиони, поради огромните метежи и стравот од клизишта.

Барселона, Шпанија

Престолнината на Каталонија во 2016 година ја посетиле 34 милиони туристи, 25 отсто повеќе од 2012. година. Локалното население е незадоволно, испишани се графити против туристите низ целиот град. Властите реагирале така што го намалиле капацитетот за сместување.

 

Loading...

 

Дубровник, Хрватска

Додека УНЕСКО сму се заканува на овој град со одземање на статусот за заштита поради екстремни гужви, властите презеле драстични мерки да го намалат бројот на туристи на 4.000 дневно. Досега бројот надминувал 10.000. Градоначалникот планира да го намали и бројот на траекти кои влегуваат во пристаништето.

На списокот се наоѓаат и Венеција, островот Скај во Шкотска, островот Галапагос, Таџ Махал во Индија, Санторини во Грција, Монт Еверест, Бутан, Антарктик, Мачу Пичу во Перу…