Српската заедница со свечена академија ќе го одбележи „Свети Сава“ во Куманово
On:
Сподели со своите пријатели
По повод националниот празник на Србите во Македонија „Св.Сава“, Регионалниот одбор на Српската заедница во Куманово и Демократска партија на Србите во Македонија на 26 јануари во кумановскиот Народен театар организира Свечена Светосавска академија.
На манифестацијата во име на Народното Собрание на Република Србија ќе присуствува и ќе се обрати заменик претседателот на Собранието Верољуб Арсиќ, исто така потврдено е присуството на Амбасадорката на Србија во Република Македонија како и високи званичници од Македонија.
Академијата ќе ја збогатат актерите од Народниот театар од Белград Иван Вучковиќ и Дејан Дончиќ, професорката по соло пеење Александра Коцевска, музичарите Глигор Гелебешев и Столе Косовски кои ќе се претстават со неколку српски изворни песни.
Исто така дел од академијата ќе биде и комплетниот состав на Куд „Српски вез“ кој ќе се претстави со три кореографии. Настанот ќе започне во петок од 19 часот.