Едно лице е повредено откако фасада од зградата лоцирана на кумановскиот плоштад се сруши денеска попладне врз шифачки дуќан лоциран во непосредна близина.

Според првичните информации од терен, во моментот кога се срушил дел од фасадата во шивалната се наоѓале неколку лица, кои панично започнале да излегуваат од дуќанот. Сопственикот на дуќанот се здобил со гребнатини и полесни повреди, по што со возило на Итната медицинска помош лицето е пренесено на Одделението за хирургија при Општа болница Куманово, информираат од кумановската Итна помош.


