Зошто падна снег во Сахара? Научниците имаат два одговори!

Сподели со своите пријатели

Пред само неколку дена, несекојдневните временски услови донесоа снег во најтоплата пустина во светот, Сахара.

Трет пат на таа локација паѓа снег во изминатите 37 години, прв пат забележан во 1979 година, а втор пат во 2016. Тоа коинцидираше со други примери за екстремно време низ планетата – од непостоење зима кај нас, преку најстудената забележана зима на истокот на Северна Америка, до рекордни температури во Австрлија кои надминаа 47 степени.

Високиот притисок над Европа го „протуркал“ студениот воздух кон Сахара појужно од вообичаеното. За време на летото просекот на температурата се искачува до 38 степени целзиусови и жителите на планината Атлас подобро се носат со топлото време, отколку со мразот и снегот.

Санкањето на падините, првото гаѓање со снег во животот и снежрни радости имаше за најмалите во населените места откако паднале 40 сантиметри снег, кој веќе до попладнето се стопил на температурата која се искачила до 10 степени.

Додека едни невообичаените врнежи од сег ги препишуваат на климатските промени забрзани со глобалното затоплување, некои научници сметаат дека во Северна Африка започнува нов, влажен, климатски период.

Од пред 11.000 години до пред 5.000 години, Северна Африка била зелена, плодна и преполна со езера и реки, со додека нешто релативно нагло не се прекинал „дотокот“ на влажни фронтови.

Палеонтолозите и археолошките наоди, наведуваат дека таму тогаш живееле слонови, антилопи, нилски коњи и стада дивеч кои ги ловеле ловци и тие сцени ги претставиле на внатрешноста на пустините. Таа ера е директен резултат на африканската монсунска клима која формира влијание на периодични варијации во земјината орбита околу Сонцето која се случува на секои 20.000 години, а се повторува од геолошката епоха на миоцен (пред 23 до пет милиони години).

Секои три движења низ кои Земјата периодично минува во текот на ротацијата околу својата оска и револуцијата околу Сонцето – ексцентричност на орбитата, накривеноста на оската и прецесијата – влијаат на климата, па така и влегување на монсунските дождови на просторот на Северна Африка.

Сепак останува фактот дека лаички кажано, прерано за нова „влажна ера“ и како веројатно станува збор за радикални климатски промени предизвикани со затоплување на земјината атмосфера со каква се почесто сме сведоци.