Мистериозна река која убива се што ќе се најде во неа (видео)

Сподели со своите пријатели

Ниту самите научници не знаат да објаснат зошто оваа река „врие“.

Кога Андрес Рузо растел во Лима, Перу, неговиот дедо му раскажал приказна за древен изгубен град од злато во Амазонија, како и за мистична река чија вода врие поради висока температура. Кога пораснал, Рузо, откако станал експерт за геотермални потенцијали, одлучил да го истражи митот за кој како дете често размислувал.

Собрал тим научници и со внимателно проучување на картите утврдил голем број геотермални извори – повеќе отколку што некој очекувал од место кое не е познато по својата вулканска активност, пишува „Curiosity“.

Иако другите од неговата професија биле насочени кон занемарување на таа експедиција, Рузо одлучил сериозно да се занимава со овој феномен.

 

 

Кога конечно ја пронашол мистичната река, прво што октрил е фактот дека иако е топла, таа не врие. Измерената температура изнесува околу 93 степени целзиусови, со некои варијации во различните периоди од годината.

Таа температура е доволно над него да се формира пареа, но и да го убива секоје живо суштество кое ќе влезе во неа.

Она што е тешко да се каже е зошто реката воопшто е толку топла. Една тероија вели дека нејзината температура би можела да има вулкански карактеристики, односно дека е резултат на претходно незабележани текови на магма.

 

 

Друга хипотеза вели дека температурата е резултат на катастрофа, на пример ланчана реакција под земјата која ја започнала некоја од блиските нафтени компании. Сепак, тоа се смета за малку веројатно, со огелд дека записите за врела вода постојат веќе неколку стотици години.

Единствена преостаната реална можност која нема врска со вулканските карактеристики е водата во неа да доаѓа од длабочината на Земјата, каде температурат ана водите е природно екстремно висока, но научницит ене можат да бидат сигурни што стои зад овој импресивен и многу опасен феномен.