Жителите на Астана не се откажуваат од капењето во реката Ешли (Ишим), скијањето, ниту другите спортски активности на отворено и покрај то ашто температурите на воздухот се спуштаат и до минус 40 степени целзиусови.
Зимата во Казахстан трае шест месеци, поради што жителите на Астана се навиканти на екстремно ниски температури и не дозволуваат тоа да ги спречи во извршувањето на секојдневните активности.
На ова подрачје може да се видат рибари, пливачи и скијачи кои одлучиле викендот да го минат со спортот. Поединци уживаат во трчањето и скијањето, додека другите се одчулиле за потопла варијанта и возење велосипед во спортски сали.
https://youtu.be/OIXb3_gZcm8
Улдана Романова изјавила дека и покрај студеното време, преку викенд внукот ги носи до реката за да заедно минат време и се играат.
– Иако е студено времето, сопругот, петгодишниот внук и јас од рано утро се санкаме. Постојано сме во движење, па не ни е студено, додала таа.
Романова вели дека веќе 15 години живеат во Астана, каде температурите во зима знаат да бидат екстремно ниски.
– Луѓето не се затвораат во куќите затоа што надвор е студено. Се занимаваат со спорт и учествуваат во различни активности, објаснува таа.
https://www.instagram.com/p/Bd2Vhp_AUy2/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_legacy
Во риболов тргнал и Сергеј Сидоров кој, за да дојде до риба, мора да исече лед дебеле и до еден метар.
– Риболовот е една од работите кои ги сакам најмногу. Доаѓа и покрај студеното време. Тука сум во природата и одмарам. Ми пружа големо задоволство, рекол Сидоров.
Алмас Сејтербајев вее две години влегува во реката обвиена со лед. Додава дека капењето во зима е здрав начин на живеење.
– Во вода полесно се влегува на студенилото. Кога надвор е минус 30, температурата на водата е два до три степени, рекол тој.
Сејтербајем сметка дека студената вода е добра и за метаболизмот и дека се капат, како деца од две години, така и старите од 70.
https://youtu.be/d5XRdPoMalU

