Стабилно, суво и магловито до четврток

Сподели со своите пријатели

Времето утринава е умерено до значително облачно, по котлините со појава на магла, особено долж Повардарието. Маглата од вчера не се расчисти воопшто во Преспа, во Пелагонија, а од изутрина магла има и во Тетово. Утринава на западната страна на Скопје маглата е послаба а кон исток поинтензивна. Понекаде дува слаб ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Умерено до значително облачно, со претежно ниска облачност ќе биде времето во текот на денешниот ден. Наутро по котлините со појава на магла, особено долж Повардарието. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините. Во средината на денот ќе има повеќе сончеви периоди. Температурата во интервал од 6 до 14 степени.

И утре ќе се задржи стабилно и суво време со магла по котлините и со појава на умерена до значителна облачност. Ќе дува најчесто слаб јужен ветер. Дневните температури, особено на повисоките места и на планините ќе бидат над просекот за овој период од годината.. По котлините и по речните долини, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност и таму дневната температура ќе остане пониска преку денот.

Од четврток попладне во југозападните и јужните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, но позначителна промена проследена со врнежи од дожд, а на планините од снег, кои ќе се преместат од југ кон север и ќе се проследен со умерен северен ветер се очекува од петок наутро.