Меѓународниот фестивал на ледени и снежни скулптури во Харбин ги засени туристите додека огнометот го осветлуваше ноќното небо над североисточниот кинески град.

На церемонијата за отварање на 33. фестивал присуствувале неколку илјада луѓе кои дошле да го видат огнометот и скулптурите од мраз.

Ледениот и снежен свет на Харбин основан е во 1999 година, за да се прослави доаѓањето на новиот милениум. Овој фестивал секоја година привлекува стотина уметници кои дизјанираат и прават уметнички дела од мраз и снег.
https://youtu.be/1gUBumuWSL4

