Макрон предупредува на војна поради Иран

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон предупредува дека тонот на кометарите од САД, Израел и Саудиска Арабија за Иран, се скоро такви што „би можеле да не воведат во војна“, пренесува Ројтерс.

Се наведува дека Маркон рекол и дека е важно да се одржи дијалогот со Иран.

Претседателот на Франција наведува дека тој ќе го посети Иран само доколку таму се врати мирот и се почитуваат човековите слободи.

САД сакаат да соберат информации кои би овозможиле работа на санцкии против индивидуалци и организации во Иран кои се вклучени во пресметка со демонстрантите, изјавил денеска неименуван висок службеник на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Ројтерс.

Се наведува и дека службеникот, кој инсистирал на анонимност, рекол дека намерата на администрацијата на Трам е да ги собере тие информации и да фи вклучи во американската машинерија за воведување санкции.

 

Loading...

 

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел изјавил денеска дека Германија е загрижена за ескалацијата на ситуацијата во Иран, пренесува Ројтерс.

Се наведува дека Габриел тоа го изјавил на новинарите при својата посета на Украина.

Иранската револуционерна гарда прогласи завршување на антивладините нереди кои во четврток започнаа во иран и во кои се убиени околу 20 луѓе, а набргу откако Блумберг ја пренесе оваа вест, Ројтерс објави соопштение од Револуцинерната гарда дека во суирите во градот Пираншахр на западот на земјата се убиени тројца припадници на разузнавачките сили на Иран.

Во соопштението кое првобитно ог објавија иранската агенција Мехр се наведува дека тројца разузнавачи страдале во борбата со антиреволуционерни елементи, но не било прецизирано дали оваа пресметка била поврзана со антивладините протести во Иран.

Блумберг претходно објави дека Револуционерната гарда прогласила крај на антивладините нереди.

– Бунтот е завршен. Непријателите би требало да знаат дека заканите за одбраната и безбедноста на Иран повеќе не функционираат, јавува државната агенција ISNA, повикувајќи се на командантот на гардата, Мохамед али Џафари.

 

 

Денеска немаше вести за нови протести во Техеран, каде полициското присуство е големо, додека провладините демонстрации се одржаа во други градови.

Стотици луѓе се приведени во рамките на мерките против нередот, кои во четврток започнаа во градот Машхаду против економската политика на претседателот Хасан Рохани, кој се залага за блиски врски со Западот.

Протестите, меѓутоа, од тогаш се проширија и на другите гадови, а демонстрантите започнале да протестираат против поширок верски и политички естаблишмент, па дури и против врховниот лидер, ајатолахот Алија Хамнеи.