Трамп става крај на лотаријата за виза во САД

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека законското решение за имигранти кои во САД се доведени како деца, а кои бараат да им се обезбеди легален престој, мора да вклучува и финансирање на ѕид на границата, завршување на ланчаната миграција и лотаријата за виза.

Во септември Трамп го укина актот за имигранти кои како деца се доведени во САД познати како (DACA) донесен за време на поранешниот претседател Барак Обама. Со тој акт беа заштитени скоро 800.000 мигранти од депортација и им било дозволено легално да престојуваат во Америка.

Трамп дал рок до 5 март Конгресот да ги донесе законските предлози кои ќе обезбедат еднаква заштита за оние под програмата DACA, но во буџетот да вклучи и изградба на ѕидот на границата и завршување на лотаријата за виза и ланецот мигранција.

На состанокот за имиграција во Белата куќа со републиканските сенатори Трамп рекол дека сегашниот систем за имиграција ги изневерил Америакнците и како пример ја навел ланчата миграција, односно правото на спојување на семејствата.

– Ланчаната миграција е тотална катастрофа која се заканува на нашата безбедност, економија и ги остава вратите отворени за терористите, рекол Трамп, а пренесува Гласот на Америка.

Тој повикал и на ставање крај на лотаријата за виза која ја нарекол лоша за економијата и многу лоша за безбедноста.

Американскиот претседател оценува и дека реформата на имиграцискито систем нема да биде можна без подобра заштита на границите.

Трамп рекол дека се надева оти неговите предлози ќе ги поддржат и демократите.