Италијанската полиција заплени дрога од Албанија вредна 23 милиони евра (видео)

Сподели со своите пријатели

Италијанската полиција за време на новогодишните празници, на глисерите кои од Албанија пловеле во Јадранот, запленила 2,1 тон марихуана и привела 52 лица.

Со тоа количината на дрогата запленета во изминатата година достигна 36 тони. Истовремено, албанската полиција запленила дваесетина тони марихуана.

Италијанската полиција во првата акција непосредно по Нова година, стопирала глисер на патот од Албанија кон Италија и на него, во 76 пакети, открила 1,6 тони марихуана вредна околу 17 милиони евра.

Во акцијата приведени се тројца Албанци, кои освен дрогата, носеле и калашњикови.

https://youtu.be/UjkRebYdez0

Loading...

Во недела навечер, италијанската полиција запленила уште околу 600 килограми дрога, по што на патот кон Италија стопирала гумен чамец ов кој имало над 40 пакети марихуана. Вредноста на дрогата е проценета на над шест милиони евра.

Албанската полиција, која во претходните година дена запленила дваесетина тони марихуана, учествувала во двете ацкии.

https://youtu.be/G5YDU7ZyqZA