Трамп: Америка набљудува, Иран: Занимавај се со своите проблеми

Сподели со своите пријатели

Ирачаните немаат доволно храна, имаат висока инфлација и немаат човекови права, објави Трамп по повод случувањата во Иран, а пренесува АП.

– Сите пари кои им ги даде претседателот Обама ги потрошија на тероризам и ги ставија во своите џебови. САД набљудуваат, додава Трамп.

Подобро би било американскиот претседател Доналд Трамп да се загрижи поради милиони бездомници и гладни во САД, рекол портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, реагирајќи на пораката на Трамп.

– Наместо да испраќа непотребни и навредливи твитови против другите народи, би било подобро да се занимава со внатрешни проблеми на својата земја, односно секојдневните убивања на десетина илјади и милиони бездомници и гладни во САД, рекол Бахрам Гасеми, портпарол на иранското МНР.

Во инцидентите за време на антивладините протести во Иран досега се приведени над 250 лица.

Врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи претходно ги обвини непријателите на Исламската држава за потикнување немири во земјата, додека продолжуваат антивладините демонстрации кои започнаа минатата недела, наведува Ројтерс.