Полициски службеник од СВР Куманово е повреден при обид да интервенира на инцидент кој се случил во кумановската населба Перо Чичо, дознава Кумановски Муабети од полициски извори.
Според првичните информации, полицаецот е повреден кога едно лице од ромска националност го нападнало при обид истиот да биде приведен.
Настанот го потврдуваат и од СВР Куманово, од каде велат дека полицаецот се здобил со расекотина на дланката, но поради сериозноста на повредата веднаш е префрлен на скопските клиники.
Напаѓачот, според полициски извори, се обидел да ја убие својата девојка, додека пак од СВР Куманово демантираат и велат дека полициските службеници спречувале обид за самоубиство.
Инцидентот го потврдуваат и од МВР, но со повеќе информации ќе излезат во текот на утрешниот ден.