Денеска врнежи од дожд, на планините снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во раните претпладневни часови, како и кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе се движи од 7 до 13 степени.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето со умерен ветер од северозападен правец, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

Во четврток ќе има нов влажен и постуден бран со локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат позастапени во југозападните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поради што дневните температури дополнително ќе опаднат. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните повторно ќе бидат во пораст.