Во организација на средношколците од СОУ „Перо Наков“ и Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ денеска на градскиот плоштад во Куманово во рамките на предновогодишната забава, беше изведен перформанс со кој дваесетина ученици сакаа да покажат дека јавноста треба да се грижи за маргинализирани групи граѓани во оптшеството.

Со паролите „All we need is air (and love)“ или „Се што ни треба е воздух (и љубов) од една страна и „Земете петарде and put in your ass“ од друга страна, учениците симболизираа две групи кои протестираат.
– Целта беше да посочиме дека додека луѓето протестираат, од било какво општествено незадоволство, обичнио, односно необичниот човек во нашиот случај, слеп и беспомошен, е оставен на цедило. Дури и го туркаат за да дојдат до својата цел. Протестите беа предводени од револтирани младинци кои од една страна беа против трујачите на кучиња, а од друга страна застапниците за чист воздух. На сите нив им е мало ова место под сонцето се додека еден случаен минувач не ги освести и не им го покаже „слепиот“ Николај, изјави Ивана Аткинс, наставник по англиски јазик во СОУ „Перо Наков“.

Како покајание, учесниците во протесниот перформанс, пуштија по еден балон во воздухот.

Настапот беше во рамките на предновогодишната забава организирана од страна на Општина Куманово.










