Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и рускиот дипломат Сергеј Лавров се согласиле да ги продолжат дипломатските напори против нуклеарната програма на Северна Кореја.
Тие нагласиле дека ниту Вашингтон ниту Москва не го прифаќаат Пјонгјранг како нуклеарна сила, соопштила портпаролката на Стејт департментот.
Тилерсон и лавров, кои вчера разговарале по телефон, дале осврт и на растот на насислтвото на истокот од Украина, а во врска со тоа Тилерсон побарал Русија да го намали нивото на насилство, навела портпаролката на Стејт департментотн Хедер Науерт, пренесува Ројтерс.
Двајцата соговорници разговарале и за кризата во Сирија, се додава во соопштението.