Со пиштол се обиделе да го запрат во Романовце, па му го потиснувале возилото

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Т.С. (47) од Скопје и Г.С. (37) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 08.12.2017 година околу 00.50 часот на автопатот Куманово-Скопје, пред бензинска пумпа во село Романовце, Т.С. со патничко возило „Волво“, откако го престигнал од лева страна товарно возило „Сканија“, управувано од Д.А. (21) од село Градско, преку прозорец извадил пиштол со цел да го запре.

Во тој момент од неговата бочна страна наишол Г.С. и со возилото започнал да го потиснува товарното возило кон неговата десна страна. Тој удрил во товарното возило, по што му пукнала гума и возилото на второпријавениот застанало.

Потоа, Д.А. продолжил со движење кон Скопје и во кругот на една фирма телефонски го пријавил настанот во Полициската станица Куманово, додека второпријавениот го оставил возилото на автопатот го напуштил возилото.