Граѓаните на Косово донираа вратоврски за „сиромашниот“ Харадинај

Сподели со своите пријатели

Демонстрантите во Приштина на оградата од владината зграда закачија делови облека за да му помогнат на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој неодамна си ја зголеми платата, правдајќи се дека тоа му треба за да купи облека која му е потребна за извршување на функцијата.

На оградата поставен е голем број вратоврски, кошули и друга облека.

Харадинај неодамна одлучи двојно да си ја зголеми платата која сега изнесува 2.950 евра, а притоа на телевизија рече дека му се потребни повеќе пари за облека.

– Морам да купам вратоврски. Морам да купам кошули. Морам да бидам облечен во рамките со нивото на одговорност која ја носи мојата функција, пренесува „Раша тудеј“.

Loading...