„Дедо Мраз на мотор“ по 10. пат ја донесе новогодишната магија (фото)

Сподели со своите пријатели

Десетта година по ред членовите на Мото клубот „Мечки“ ја организираа новогодишната манифестација „Дедо мраз на мотор“ која го внесе новогодишниот дух во градот.

 

 

Маскирани во Дедо Мраз околу стотина моторџии од клубот првин на градскиот плоштад се дружеа со најмалите, а потоа продефилирајќи низ градот се упатија кон Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост каде на корисниците им подарија новогодишни пакетчиња.

 

 

Моторџиите ја внесоа новогодишната магија во Дневниот центар, а радоста на корисниците беше неизмерна и со песна се заблагодарија за подареното внимание.

– Ни претставува сообена чест и задоволство да организираме десетта, годинава јубилејна акција „Дедо Мраз на мотор“, тука сме да се дружиме, убаво ни е со децата, веќе се познаваме долги години, изјави Јовица Гиновски, член на Мото клубот „Мечки“.

 

 

Членовите на мото клубот „Мечки“ се моторциклисти ентузијасти, кои се стремат мото културата да се искачи на повисоко ниво.

 

Секој декември ја остваруваат хуманитарната акција „Дедо мраз на мотор“ со помош на лични донации на членовите, спонзорства, како и донации на соработнциите од другите мото клубови.