Прогласени најдобриот пожарникар и полицаец во Куманово за 2017 година (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски денеска ги врачи признанијата на најдобриот полициски службеник, како и најдобриот пожарникар во градот за 2017 година.

 

 

За најдобар вработен во Секторот за внатрешни работи Куманово, по предлог на своите колеги е избран Звонко Деспотовски, додека за најдобар вработен во Територијалната против пожарна единица е прогласен Стефан Крстевски.

 

 

Со градоначалникот го испија утринското кафе, а како награда симболично во знак на благодарност им беа врачени часовници.

Чест ми е во има на граѓаните да се заблагодарам на најдобриот полицаец и пожарникар во нашата општина, да им посакам многу здравје, успех и среќа во следната 2018 година со желба да имате помалку работа, а да постигнувате повисоки резултати. Да бидете подготвени за сите предизвици кои не очекуваат во 2018та и верувам дека вашите претпоставени работат на градење на професионални тимови за делување. Граѓаните на општина Куманово веруваат во вас, јас како ваш градоначалник верувам во вас и кога ве имаме се чувствуваме безбедни, изјави Димитриевски.

Полицискиот службеник Звонко Деспотовски, зад себе има 27 години работен стаж.

За целокупниот мој работен стаж имам добиено повеќе награди, но ова ми е најдрага бидејќи ќе ми даде поголем мотив за извршување на понатамошните работи. На младите им порачувам да бидат дисциплинирани, да имаат добра соработка со граѓаните, да ги почитуваат наредбите на претпоставените и да ги извршуваат што е можно подобро нивните работни задачи, изјави Деспотовски.

Стефан Крстевски кој четири години работи во Територијалната против пожарна единица Куманово е прогласен од своите колеги и од општината за најдобар работник во 2016 година.

Ова награда ќе ми биде мотив во понатамошната работа и залагање во работните задачи од страна на командираот и моите колеги. На моите колеги би им порачал да ги извршуваат работните задачи и да бидат редовни на работа, изјави Крстевски.

Инаку оваа традиционално наградување се одржува веќе 13-та година по ред и истото ќе продолжи за да им се одаде признание на оние кои се грижат за безбедноста на граѓаните на Куманово.