Сподели со своите пријателиАмериканскиот конгресмен и некогашен градоначалник на Дејтон, Мајкл Р. Тарнер му напишал на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон за Балканот. Тарнер укажал на потребата САД да се свртата на регионот на Балканот и да преземат водечка улога во процесот на помирување. Тој предложи и потпишување на „Дејтон 2“. – Минатата недела одбележаве 22 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, кој стави крај на повеќегодишното крвопролевање и направи предуслови за траен мир во Босна и Херцеговина. Во тоа време бев градоначалник на Дејтон и од прва рака сведочев како американската дипломатија зад иста маса собира спротивставени страни, потсетува Тарнер, сегашен член на американскиот Конгрес. Тој во писмото до Тилерсон напишал дека стравува за загрозеност на мирот постигнат во Дејтон. – Сега е клучен период за регионот и САД да мораат повторно да преземат водство и да ги помират спротивставените, навел Тарнер. Додал дека иднината на Босна и Херцеговина е круцијална не само за Балканот, туку и за Евроазија. – Во декември минатата година Уставниот суд изгласа дека актуелниот изборен закон не е во рамките со Уставот во поглед на етничките малцинства. Парламентот на БиХ мора бргу да обезбеди измени на тој закон до изборите во октомври 2018 година. Неуспехот во тоа наскоро сигурно ќе изложи опасност на мирот кој трае веќе над две децении, наведува Тарнер. Предлага САД да бидат домаќини за потпушување нова верзија на Дејтонскиот договор. – Србите, Босанците, Хрватите и останатите само по апт на американско лидерство можат да живеат заедно во мир и да обезбедат слобода и еднакви права на сите народи. Не смееме да дозволиме тој ионака нестабилен регион да склизне во неред затоа што противниците на демократијата тоа го чекаат да направат хаос, убеден е американскиот политичар. Тој во писмото до државниот секретар додава и дека САД се должни да го поддржат мирот до кој дошле во 1995 година. – Нашата нација може да ја потврди својата посветеност за демократија ширум светот водејќи ја Босна и Херцогвина низ оваа проблематично време. Со задоволство ќе ве поддржам вас и вашиот тим во овој клучен зафат, стои на крајот на писмото упатено од страна на американскиот конгресмен. 2017-12-25