Кошаркарите на Куманово вечерва со почеток во 18 часот го играат последниот натпревар од оваа полусезона во домашниот шампионат против составот на КК Гостивар.
Имавме цела недела да се спремаме, едно пријатно освежување за лигата е екипата на Гостивар, предводена од феноменален тренер Марјан Србиновски, кој две години беше овде, исто и екипата добро утренирана, ќе дадеме се да се вратиме со победа од Гостивар, изјави Александат Петровиќ, тренер на КК Куманово.
КК Куманово моментално се наоѓа на четвртата позиција на табелата, додека за еден поен повеќе третата припаѓа на Гостивар. Тоа значи дека победата кумановци може да ги стави на третата позиција на крајот на полусезоната, веднаш зад екипите на Работнички и Блокотехна.