Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против М.С.(38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „предизвикување на општа опасност“, како и против М.Н.(28) од село Романовце, кумановско, А.Љ.(34) од Скопје и А.С.(28) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На 16.10. годинава, откако пријавените извршиле тешка кражба во с.Лажани, се упатиле кон село Дебреште, каде извршиле кражба во домот на Е.И. Кога Е.И. се вратил и забележал дека е извршена кражба, заедно со други две лица почнале низ селото да се распрашуваат за кражбата, при што забележале возило „Голф“ во кое биле пријавените лица.
Откако Е.И. им се обратил на пријавените, првопријавениот извадил пиштол и испукал еден куршум, по што Е.И. се исплашил и заминал со возилото, а првопријавениот испукал уште еден куршум, со којшто го погодил задното лево крило на возилото на Е.И.