Сончево и студено на првиот ден од зимата

Сподели со своите пријатели

На првиот ден од зимата времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минус два до пет степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до три степени.

И во петок ќе се задржи суво и студено време со ниски утрински температури, додека ново зголемување на облачноста се очекува веќе од сабота. Во северните делови и на планините ќе има повремен слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Од недела повторно следува период на стабилно и суво време, а од понеделник дневните температури ќе бидат во пораст.

Извор: МИА