Дебата за можните измени во Законот за медиуми

Сподели со своите пријатели

Во Клубот на пратеници денеска ќе се одржи трибина на тема „Утврдување на потребата за можни измени во Законот за медиуми“.

Трибината е во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и на Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

Организаторите на трибината ги покануваат сите медиуми, новинарски и медиумски здруженија, граѓански организации што покриваат медиумски прашања, како и сите граѓани заинтересирани за оваа тема, да присуствуваат на трибината и да учествуваат во отворената диксуија со свои мислења и предлози.

Извор: МИА