Повеќе улици и села денеска без електрична енергија
On:
Сподели со своите пријатели
Во период од 08:30 до 15:30 часот без елекрична енергија ќе останат неколку улици од приградските населени места, но и неколку кумановски села, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Станува збор за улиците „Михајло Пупин“, „Руѓер Бошкович“, „Ѓуро Пуцар Стари“, „Веселин Маслеша“, „Методија Поповиќ“, како и Доброшане, Орашац, Вера Которка и населбата Гоце Делчев.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во мрежата.