Израелските војници рано утринава привеле млада Палестинка, ден откако снимка на која се гледа како таа удира, шамара и шутира двајца израелски војници во село на западниот брег, стана вирално на социјалните мрежи.
Палестинката е одведена на испитување, навела полицијата.
Видеото е снимено за време на демонстрациите во селото во петок и на него се гледа дека војниците се воздржуваат да реагираат на шамарите, туркањето и ударите од Палестинката, која како се верува, се обидувала да ја предизвика нивната реакција.
Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман изјавил дека освен девојчето и нејзините родители ниту околината нема да го избегнат она што го заслужуваат, пренесуваат израелските медиуми.
Приведената Палестинка е ќерка на еден од најистакнатите активисти во селото наби Салих. Тој е еден од организаторите на демонстрациите кои се одржуваат секоја недела.
Израелските медиуми наведуваат дека не е прв пат Тамими да ги провоцира војниците. пред неколку години каснала војник кој дошол да го приведе нејзиниот брат,
Loading...