Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се сретна со шефот на руската држава Владимир Путин. Разговорот на двајцата лидери е прва официјална билатерална средба од изборот на Вучиќ за претседател на државата.
Во Москва се потпишани договори за трговија, туризам, социјална безбедност, модернизација на земјоделството, производство и изработка на високотехнолошки производи, како и испорака на руски гас.
Разговорите се водени во потесен и поширок состав, но и во четири очи. Според зборовите на претседателот Вучиќ, двајцата лидери ја зацврстиле меѓусебната доверба.
– Следната година е 75-годишнината од Сталинградската битка и Србија ќе учествува на највисоко ниво, секогаш се гордеевме со својата антифашистичка традиција. Разговаравме за сите најважни економски прашања, скоро половина српска влада е тука, порачал српскиот претседател.
Путин истакнал дека разговорите, како и секогаш минале во отворена и пријателска атмосфера.