На 13.12.2017та, во организација на Здружението за унапредување на меѓусебната доверба ТАКТ, по втор пат се случи Вечер на инспиративни спортски приказни.
Во Занаетчискиот дом во Куманово, а во соработка со Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт од Куманово се собраа истакнати кумановски спортистки, кои во македонската јавност се познати по своите значајни резултати. Тие ги споделија своите лични и инспиративни приказни за издржливоста и храброста во надминување на предизвиците и бариерите со кои се соочиле во текот на градењето на своите спортски кариери. Исто така, на помладите генерации им порачаа да се занимаваат со спорт, професионално или рекреативно, бидејќи спортот е алатка преку која ќе се изградат во цврсти и успешни личности и ќе се стекнат со позитивни особини кои ќе им служат во текот на целиот живот. Овој настан е втор од ваков тип и беше организиран после првиот успешен настан во Битола.
Loading...
Имавме чест и задоволство да ги слушнеме:
Анита Величковска (Велосипедизам)
Матеја Ефремовска (Атлетика)
Наташа Младеновска-Ѓорѓевич (Ракомет).
Извршната директорка на ТАКТ Магдалена Спасовска, по потекло од Куманово, истакна дека родовата еднаквост во спортот значи еднакви права за мажите и жените спортистки, како и еднаква и рамноправа застапеност на високи и истакнати позиции во спортската индустрија.
Настанот е дел од проектот “Жени лидерки во спортската индустрија” поддржан од Амбасадата на Франција во Македонија.